Пад на индустриското производство. Статистиката измери дека во септември годинава во однос на истиот месец лани се намалило за 11,9 проценти, додека за 9-те месеци оваа година падот е 4,2 проценти. Негативен тренд има кај позначајните сектори освен во делот вадење руда и камен каде има стагнација. Подраматичен пад е регистриран кај преработувачка индустрија и снабдувањето со електрична енергија. Економијата полека ќе излегува од криза но, потребни се конкретни решенија за намалување на невработеноста, сиромаштијата, корупцијата. Македонија ќе треба да се натпреварува многу поинтензивно за да го добие својот дел од пазарот и треба да се подготви и да стане поконкурентна земја. Во следните четири години Македонија од Светска банка ќе се задолжи со поволни кредити од 200 милион долари наменети за конкретни проекти.
Пад на индустриското производство. Статистиката измери дека во септември годинава во однос на истиот месец лани се намалило за 11,9 проценти, додека за 9-те месеци оваа година падот е 4,2 проценти.
Негативен тренд има кај позначајните сектори освен во делот вадење руда и камен каде има стагнација.
Подраматичен пад е регистриран кај преработувачка индустрија и снабдувањето со електрична енергија.
Економијата полека ќе излегува од криза но, потребни се конкретни решенија за намалување на невработеноста, сиромаштијата, корупцијата, оценува Светската банка.
„Македонија ќе треба да се натпреварува многу поинтензивно за да го добие својот дел од пазарот и треба да се подготви и да стане поконкурентна земја“, вели Лилиа Бурунчук, директор на Светска банка во Македонија.
Во следните четири години Македонија од Светска банка ќе се задолжи со поволни кредити од 200 милион долари наменети за конкретни проекти.
„Во првите две години, банката ќе инвестира околу 100 милиони долари, кои што ќе бидат првенствено наменети за реализација на проекти во енергетскиот сектор, со што ќе се доведе до намалување на увозната зависност од странски извори на енергија и ќе се подобри енергетското поврзување на Р.М. со соседството.
-Истовремено, ќе се зголеми употребата на чисти и обновливи извори на енергија“, изјави Зоран Ставревски, министер за финансии.
Во исто време Македонија е пред конечна одлука за заем од ММФ. Денеска Ставрески вели дека со подобрувањето на кредитниот рејтинг од агенцијата „Фич“, од негативен во стабилен, се зголемува можноста Македонија да издаде уште една еврообврзница.
Експертската и бизнис заедница ја предупреди владата да внимава со задолжувањата во ситуација кога доспеваат стари долгови, а за две години ќе треба да се исплати и старата еврообврзница.